Родман: Мадона ми нудеше 20 милиони долари да и направам дете

Денис Роман важеше за најконтроверзен кошаркар во својата ера во НБА-лигата, а со името на поранешниот „експерт за скокови“ се поврзувани бројни анегдоти. Самиот Родман во интервју за американските медиуми потврди дел од нив, вклучувајќи ја и онаа дека добил богата понуда од Мадона.

„Мадона ми понуди 20 милиони долари да ја забременам. Во тој период играв во Лас Вегас, ми се јави и ми рече дека е влезена во период за овалуација. Само и одговорив дека ќе дојдам за пет часа“, се потсетува Родман.

Тој откри и дека никогаш немал нормален однос со Мајкл Џордан и со Скоти Пипен, иако беше дел од ударното трио со кое Чикаго доминираше во НБА-лигата.

„Мајкл беше тој што ги даваше поените, Скоти беше неговиот Робин, а јас бев човекот што го собираше ѓубрето. Многу добро се надополнувавме, но во трите години што ги минавме заедно ниту еднаш не си прозборевме надвор од терен“, вели Денис Родман.

Тој се потсети и на чудната случка веднаш по потписот за Чикаго Булс.

„Само што го потпишавме договорот, заминав на ручек во куќата на Џери Краус. Таму беа сите, Мајкл, Скоти, Фил Џексон, неговото куче… сите. Веднаш ми беше чудно, сите во куќата, јадат и пијат, но никој со никого не зборува. И тогаш ми пријде Фил и ме замоли да му се извинам на Пипен. Бев шокиран, не знаев за што зборува, а тој ми рече дека сум го турнал при некој дуел во 1991 година. Не ми се веруваше, но на крајот се согласив и му се извинив, а тој глумеше дека е многу кул, дека нема никаков проблем меѓу нас, а го прати тренерот да ја смирува работата“, открива Родман.

Се вчитува...