Поранешниот НБА кошаркар, Денис Родман зборувајќи за својата кратка романса од 1993 година открива дека поп ѕвездата Мадона, која била луда по него во тоа време, му понудила 20 милиони долари да и направи дете.
„Во моменти на слободни денови од кошарката јас бев во Лас Вегас по цели денови во казината. Мадона ми се јави од Њујорк и ми рече дека ‘гори’ по мене па веднаш да дојдам кај неа. Испрати и авион по мене и јас отидов во Њујорк. Ми понуди 20 милиони долари ако забремени, поточно дека ќе ги добијам само ако се роди детето. Јас го направив тоа што го побара, си ја завршив работата и другиот ден се вратив во Лас Вегас. Но, таа не забремени, па немаше ни 20 милиони долари“ – раскажува Родман кој се потсетува на една епизода со Мадона и од времето кога беше играч на Сан Антонио.
„Беше тоа последен меч во сезоната. Седеше во прв ред, а потоа на крај ја затекнав како седи пред моето место во соблекувалната. Но, јас не и обрнав внимание. Другите кошаркари беа импресионирани, чекаа ред да се фотографираат со неа“.
Родман смета дека и Лордес Леон, ќерката на Мадона, е родена по сличен финансиски договор на популарната пејачка со Карлос Леон.
Мадона, која во моментов е на светска турнеја, не одговори досега на овие тврдења на Родман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА