Градот Керпен на западот на Германија, каде што се родени и израснати браќата Михаел и Ралф Шумахер, ќе биде напуштен и уништен. Причина за ваквата тажна судбина на Керпен е проширувањето на рудникот за лигнит, кој се наоѓа во северозападниот дел на градот.
Според медиумите во Германија, во градот моментално останале да живеат само одреден број луѓе, кои во најбрз можен рок ќе бидат преместени. Ископувањата за проширување на рудникот треба да започнат на почетокот на 2024 година.
Некои од локалните атракции, наводно, ќе бидат зачувани за време на ископувањето, вклучително и патеката за картинг во сопственост на семејството Шумахер. Тоа беше домаќин на првата трка меѓу Михаел Шумахер и Луис Хамилтон. Тоа се случи во 2001 година на финалето на светската картинг серија!
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА