Шпанија и Англија во недела од 21 часот на Олимпискиот стадион во Берлин ќе си ги одмерат силите во големото финале на Европското првенство.
Во пресрет натпреварот за медиумите говореше шпанскиот репрезентативец Родри кој веќе подолго време е член на Манчестер Сити, најдобриот англиски клуб во последните години. Како што вели и самиот, тој добро ги познава Англичаните, а предупреди дека неговите соиграчи мораат посебно да внимаваат на еден фудбалер, неговиот клупски соиграч Фил Фоден.
„Англичаните имаат многу фудбалери кои можат да ни направат штета. Меѓутоа особено треба да внимаваме на Фил Фоден. Тој е играч кој треба да се држи под контрола бидејќи има неверојатна способност на движење во мал простор“, вели Родри.
„Добри ги познавам и играчите и совршено ја познавам англиската култура на фудбал. Имаат многу талентирана екипа, играчи кои можат да балансираат и да контролираат повеќе аспекти од играта. Добро се бранат и напаѓаат, меѓутоа и ние имаме свое оружје, веруваме дека можеме да победиме“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА