Родри е освојувач на Златната топка за 2024 година!

Она кое можеше да се претпостави, шпанскиот репрезентативец и член на Манчестер Сити, Родри е освојувач на Златна топка за најдобар фудбалер според „Франс Фудбал“.

На гала вечерта во Париз, Родри ги надмина Винисисус Јуниор од Реал Мадрид, и Џуд Белингем.

Токму поради ова, Винисисус заедно со делегацијата на Реал Мадрид го бојкотираа изборот, и не допатуваа вечерва во Париз. Инаку Реал Мадрид ја освои наградата за најдобра екипа, а Килијан Мбапе го освои признанието „Герд Милер“ за најдобар стрелец.

Се вчитува...