Манчестер Сити испиша историја станувајќи прв клуб во англискиот фудбал што врзал четири титули во серија. Тимот на Пеп Гвардиола повторно имаше феноменален финиш на сезоната, оставајќи ги зад себе Арсенал и Ливерпул за зацврстување на тронот на англискиот фудбал.
Родри и оваа сезона беше меѓу најдобрите поединци во таборот на „сино-белите“, а шпанскиот ас по последниот меч со Вест Хем го „пецна“ Арсенал.
„Мислам дека разликата е во менталитетот. Ние сме тим што секогаш игра за да победи, не би го рекол истото и за Арсенал. Тие немаат таков менталитет, видовте какви беа кога дојдоа во Манчестер, играа да не загубат, беа пресреќни со бод. Ние не сме такви, сакаме секогаш да победуваме и затоа сме шампиони“, изјави Родри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА