Родри ги провоцираше Англичаните, Мората го потсети каде игра

Шпанскиот фудбалер Родриго Хернандез „Родри“, кој беше прогласен за најдобар играч на Европското првенство, во понеделникот вечерта во Мадрид ја отпеа „Гибралтар е шпански“ и на тој начин повторно го аткуализираше долгогодишниот спор за време на прославата на освоената титула европски првак.

Гибралтар е британски полуостров со 33.000 жители на југот на Шпанија, за кој Лондон и Мадрид се расправаат со децении.

„Гибралтар е шпански, Гибралтар е шпански…“ пееше 28-годишниот Родри.

Во еден момент од прославата Алваро Мората го потсети Родри дека игра во Англија, на што Родри одговори: „Не ми е гајле“.

Се вчитува...