Родри го доби Винициус со 41 глас разлика за „Златната топка“

Фудбалерот на Манчестер сити и шпанската фудбалска репрезентација Родри ја освои годинава „Златната топка“, на манифестација која помина со многу контроверзии. Откако се дозна Шпанецот дека ќе биде освојувач на признанието, од Реал Мадрид се одлучија да ја бојкотираат гала вечерта како поддршка за својот фудбалер, Винициус Жуниор.

Недела и половина по гала вечерата на која беше доделена наградата се дозна и со колкава разлика асот на „граѓаните“ славеше пред фудбалерот на „кралевите“.

Родри освоил вкупно 1170 гласа што е за 41 повеќе од 1129 поен кој го добил Винициус Жуниор.

Се вчитува...