Родри го спаси Сити од пораз на мечот со Челси (ВИДЕО)

Манчестер сити ремизираше (1-1) со Челси на домашен терен во 25. коло од Премиерлигата.

„Граѓаните“ може и да се среќни со бодот против „сините“ откако извлекоа реми со голот на Родри во 83. минута од средбата.

Претходно, Рахим Стерлинг по прекрасната акција на гостите во 42. минута го донесе Челси до водство од 0-1.

Сити сега, по ова реми, е на четири бода негатива од водечкиот Ливерпул, но и со натпревар помалку од „црвените“.

Се вчитува...