Родри, најдобриот фудбалер за 2024 година во изборот на „Златна топка“ му одговори на Кристијано Роналдо за критиките упатени кон него на говорот на „Globe Soccer Awards“.
Португалскиот ас изјави дека наградата требала да му припадне на Винисиус Џуниор, фудбаерот на Реал Мадрид за неговиот придонесе во финалето на Лигата на Шампионите, како и на церемонијата на „Globe Soccer Awards“, притоа додавајќи дека на оваа церемонија чесно се доделуваат наградите.
„Неговите зборови ме изненадија бидејќи тој најдобро од сите знае како наградувањето функционира и начинот на кој се бира победник. За минатата сезона новинарите ме избраа мене. Најверојатно истите тие новинари во еден момент гласале и за него. Верувам дека тогаш се согласувал со нивниот избор“, одговори Родри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА