Родри и Винисиус Џуниор ги делеле дури 41 поен во изборот за „Златна топка“

Изборот „Златна топка“ за 2024 година донесе бројни контроверзии. Главниот фаворит за престижната награда, Винисиус Џуниор не ја доби наградата, а таа заврши во рацете на фудбалерот на Манчестер Сити и репрезентацијата на Шпанија, Родри.

По деталниот преглед на гласовите утврдено е дека не станува збор ниту за блиска разлика помеѓу Родри и Винисиус Џуниор бидејќи 41 поен ги дели од првото до второто место.

На крајот Реал Мадрид може да се задоволи само наградите за најдобар колектив на 2024 година како и изборот на Карло Анчелоти за најдобар тренер на годината. Сепак славниот клуб ги доби овие признанија во отсуство бидејќи во последен час беше откажан летот на шпанската делегација во главниот град на Франција.

Се вчитува...