Фудбалската репрезентација на Шпанија стигна до рекордната четвртата титула на континенталните првенства откако во финалето на ЕП во Германија на „Олимпискиот стадион“ во Берлин славеше над Англија со 2-1.
И повеќе од заслужено главните награди завршија во репрезентацијата која стигна до тронот на Европа. Признанието за најкорисен фудбалер на турнирот го доби ѕвездата на Манчестер сити Родри, додека тоа за најдобар млад фудбалер и повеќе од заслужено му припадна на Ламин Јамал.
🏆 Player of the Tournament: Rodri #EURO2024 pic.twitter.com/sxKEu8Fe4h
— UEFA EURO 2024 (@EURO2024) July 14, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА