Играчот за врска на Манчестер Сити, Родри се рехабилитира од тешка повреда десното колено здобиена на натпреварот против Арсенал уште на самиот почеток на сезоната, во месец септември.
Според тежината на повредата од медицински поглед сезоната за него е завршена, но освојувачот на Златната топка не планира да се подмири со овој факт и цели да се врати на теренот пред крајот на сезоната со цел да им помогне на соиграчите кои без него мака мачат да стигнат до триумф.
„Целта ми е да се вратам. Не се откажувам од оваа сезона, но не сакам да направам некоја грешка. Се надевам на пауза од шест или седум месеци. Рехабилитацијата се одвива подобро од што се надевав. Уживам во одморот, ако можам така да кажам“, изјави Родри кој се осврна и кон моментот на повреда.
„Имав впечаток дека не дојде до тешка повреда, коленото ми беше стабилно. Бев уверен дека не е лошо. Но, сега имам позитивен менталитет и тоа е тоа. Првите месец и пол дена беа многу тешки во погледот на болката. Не можев да одам, но сега е подобро“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА