Родри останува „граѓанин“ до 2027 година (ФОТО)

Родриго Хернандез останува во Манчестер Сити и во следните пет години, потврди премиерлигашот. Шпанскиот играч за врска пристигна во редовите на „граѓаните“ во 2019 година и оттогаш се наметна како незаменлив дел од составот на Пеп Гвардиола па доби нов договор.

Досега за Манчестер Сити одигра 151 натпревар, а претходната сезона со седум гола во Премиерлигата му помогна на својот тим да стигне до титулата.

„Прифаќање на трансферот во 2019 година ми беше најдобрата одлука во кариерата. Уживав во секоја секунда помината тука. Навивачите се одлични према мене, а менаџерот ми помага да напреднам секој ден. Сакам да му се заблагодарам на Пеп и неговиот стручен штаб за помошта“, изјави Шпанецот.

Се вчитува...