Родри откри кога би можел да се врати на фудбалските терени

Шпанскиот играч за врска Родри сподели позитивна вест за неговото закрепнување и можното враќање на терените оваа сезона.

На прашањето дали ќе се врати на теренот оваа сезона, најдобриот играч на светот рече:

„Да, да, да! Се познавам себеси, јас сум човек кој добро закрепнува и имам позитивен менталитет. Засега се оди многу добро и физички и психички. Работам на тоа што побрзо да се вратам“, изјави Родри. 

Според планот, Родри би можел да биде подготвен за настап на крајот од Лигата на нации на крајот на сезоната и Светското клупско првенство во јули. Оваа вест сигурно ќе ги развесели навивачите и стручниот штаб, кои се надеваат на негово враќање на терените во клучните моменти од сезоната.

Се вчитува...