Шпанија стана нов рекордер и ја освои четвртата титула на европските шампионати откако во големото финале на ЕВРО 2024 во Берлин славеше над Англија со 2-1.
За најдобар фудбалер на турнирот беше прогласен Родри кој пак не го криеше задоволството од успехот изјајвуајќи дека ова му е најубавиот ден во кариерата.
„Ова е најверојатно најубавиот ден во мојата кариера. Ние сме европски шампиони, колку и тоа беше тешко да го изведеме. Станавме најуспешната европска репрезентација. Претходните генерации ни го покажаа патот. Во спортот, како и во животот доколку поставиш цел ќе бидеш награден“, изјави Родри.
Шпанија го имаше потешкиот пат до финалето среќавајќи се со четири поранешни шампиони до финалето што му дава на трофејот и дополнителна вредност.
„Испишавме историја и го направивме тоа со победа против четири поранешни шампиони. Ја имавме најтешката ждрепка и тоа доволно говори за менталитеот на овој тим. Многу од нас беа и шампиони во младинските категории. Де ла Фуенте знае што прави“, додаде најдобриот фудбалер на турнирот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА