Фудбалската асоцијација на Англија поведе истрага против играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Родри поради недолично однесување поради неговите коментари за судиите по ремито 2-2 против Тотенхем.
Шпанецот отворено ги нападна судиите поради голот на Доминик Соланке бил признат, а ќе има и казни против него и против Манчестер Сити.
„Не знам како да се чувствувам сега, откако ја видов снимката. Имаше јасен фаул на нивниот прв гол. Постои причина за користење на ВАР. Да не го постигнеа тој гол, веројатно ќе победевме. Ова е уште еден натпревар каде што се случува нешто вакво. Никогаш не зборувам за судиите, имам голема почит кон нивната работа, но тие треба да обрнат внимание на овие работи. Соланке го шутна Геа во ногата и ова е јасен фаул. Не е само денес, туку е во два, три натпревари по ред. Не знам зошто се случува. Знам дека победивме премногу и луѓето не сакаат повторно да победиме, но судијата мора да биде неутрален“, изјави тогаш Родри.
Фудбалерот ќе мора да одговори на овие обвиненија до 18. февруари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

