Родри се враќа во тимот на Манчестер сити

Родри се мачи да се врати на теренот по сериозната повреда на коленото и неодамна мораше да направи уште една пауза. Шпанскиот фудбалер почувствува болка во истото колено на кое беше опериран и побара пауза за да види што му се случува.

Сепак, сега има добри вести. Родри се врати на теренот и повторно почна да тренира со тимот. Ќе видиме кога Гвардиола ќе му даде шанса на претстојните натпревари.

Шпанецот одигра седум натпревари оваа сезона, а се гледа дека недостасува во тимот бидејќи без него овој викенд граѓаните доживеаја нов пораз на гостувањето кај Астон Вила 1-0.

Се вчитува...