Шпанскиот репрезентативец, официјално најдобар играч во Европа и светот (сопственикот на Златната топка), Родри по долги осум месеци на крајот на мај се врати на терените и полека ја подобрува формата од натпревар во натпревар.
Одигра три натпревари во финишот на Премиерлигата, а сега му помага на својот тим на натпреварите на Светското клупско првенство.
Во победата над Јувентус во дербито од 3. коло од групата Х, тој првпат беше стартер на овој турнир, а Манчестер сити убедливо со 5-2 ја совлада „старата дама“.
„Се чувствувам навистина добро, навистина сум среќен што сум тука. Многу сум среќен што се вратив во тимот, што ќе бидам на теренот со другите играчи. Тоа е најважно“, изјави Родри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

