Екс-фудбалерот на Реал Мадрид и Баерн Минхен, а сега играч за врска на Евертон, Хамес Родригез изјави дека напаѓачот Лионел Меси, кој ја напушти Барселона, треба да се приклучи на тимот од Торино, Јувентус.
Пред два дена Барселона објави дека нема да го обнови договорот со Меси. Ова се должи на финансиските и структурните пречки наведени во прописите на шпанската лига. Меси игра за првиот тим на Барселона од 2005 година. Неговиот договор со каталонскиот клуб истече на крајот на јуни.
„Меси треба да оди во Јувентус и да игра со Кристијано Роналдо. Ќе биде бомба. Многу фанови сонуваат да ги видат овие двајца играчи како играат во ист тим. Мораме да признаеме дека фудбалот многу се промени, а заминувањето на Меси од Барселона е уште една потврда за ова“, изјави Родригез за „Марка“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА