Младата фудбалска надеж на Реал Мадрид, Бразилецот Родриго, кој му помогна на шпанскиот гигант да ја освои титулата во Ла Лига и Лигата на шампиони (ЛШ), во интервју за „ЕСПН“ ги откри плановите на напаѓачот на ПСЖ, Нејмар.
Родриго откри дека Нејмар во разговор му кажал дека ја напушта репрезентацијата, но не откри кога би можело да се случи тоа.
„Нејмар ми кажа дека ‘десетката’ во репрезентацијата е моја затоа што го напушта националниот тим. Не знаев што да му кажам. Му реков дека треба да игра уште, но тој почна да се смее“, вели Родриго.
Нејмар има 30 години и одигра 119 меча за Бразил, па ќе биде вистинско изненадување ако реши да се повлече од репрезентацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА