Два гола на Родриго во победата на Бразил над Јужна Кореја од 5-0. Играчот на Реал Мадрид е во втор план на новиот тренер Чаби Алонсо, додека кај Анчелоти во минатото, кој сега е селектор на Бразил, игра(ше) главна улога.
После натпреварот даде интересна изјава, со која на некој начин го „пецна“ сегашниот предводник на „кралевите“. Дали оваа изјава е диркетна порака за Шпанецот на клупата на Реал?
„Одиграв одличен натпревар. Двата гола ми беа само шлаг на торта. Карло Анчелоти ме постави на позиција на која често играв во Реал Мадрид покрај Винисиус, и знам дека така одлично функционираме затоа што се разбираме меѓусебно и разменуваме додавања, со кои ја разбиваме одбраната на противникот. Анчелоти тоа умее да го постави подобро од било кој друг тренер“, рече крилниот играч.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

