Бразилецот Родриго би можел ова лето да го напушти Реал Мадрид по доаѓањето на Килијан Мбапе во нападот на „кралевите“.
Доаѓањето на Мбапе но и на Ендрик создава „мешаница“ во офанзивниот дел на тимот, поради што 23-годишниот Бразилец најверојатно ќе биде тој кој ќе замине од клубот, на свое инсистирање.
Феноменалниот напаѓач е премногу квалитетен за да седи на клупа и биде резерва на Мбапе, поради што планира прифаќање на некоја од серијата понуди за него.
Арсенал е силно заинтересиран за неговите услуги, но и Ливерпул го смета за вистински наследник на Мохамед Салах кој заминува на крајот од сезоната. Наредниот период се очекува сериозна понуда од „Енфилд“ за Родриго.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА