Валенсија оствари уште една значајна победа во Ла Лига, славејќи минимално на гостински терен против Леганес со 0-1. Родриго беше стрелец на победничкиот погодок за „лилјаците“ на овој меч, откако ја затресе мрежата на противникот во 62.минута. По асистенцијата на Дани Парехо, тој се одлучи на силен удар од 25 метри и погоди на вистинското место.
Валенсија со 62 бода цврсто го држи четвртото место на табелата во шпанското првенство кое води во Лигата на шампионите следната сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА