Валенсија оствари многу значајна победа (0-2) на гости против Севилја и направи голем чекор напред кон пласманот во Лигата на шампионите оваа сезона. Сега „лилјаците“ имаат девет бода предност на четвртата позиција во однос на петтопласираната Севилја.
Родриго беше творец на триумфот на Валенсија на овој меч. Тој ги постигна двата гола. Во 25.минута на одличен начин ја искористи асистенцијата на Кондобија, а во 68.минута уште еднаш се запиша во листата на стрелците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА