Ѕвездата на Реал Мадрид, Родриго во пресрет финалето во Лигата на Шампионите во кое неговиот тим силите ќе си ги одмери со Борусија Дортмунд гостуваше на шпански подкаст каде говореше на повеќе теми.
Една од нив беше и балансот во соблекувалната. Бразилецот доби прашање дали постои его во соблекувалната на што одговори негативно, а за тоа „виновен“ е Лука Модриќ.
„Его во соблекувалната? Нема такво нешто. На нас младите играчи ми е многу едноставно поради Модриќ. Кога ќе го видам како трча на 38 години со пет титули во Лигата на Шампиони и Златна топка од корнер до шестнаесетник, како јас да не го правам тоа? Не постои его во нашата соблекувална“, откри Бразилецот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

