Бразилската ѕвезда на Реал Мадрид, Родриго во разговор за „Гардијан“ откри дека во 2017 година имал шанса да се пресели на „Островот“ и да го облече дресот на Луверпул.
Сепак и покрај тоа што неговиот Сантос и англискиот гигант ги договориле условите за трансфер вреден три милиони евра, тогаш 16-годишниот Родриго го одбил трансферот поради поголеми цели.
„Не го потпишав договорот бидејќи не сакав. Сакав да останам во Сантос и покрај тоа што понудата беше добра. Ми понудија и многу добар план за мојата кариерата бидејќи ќе завршев студии во Англија и ќе се подготвев за европскиот фудбал.
Отсекогаш сонот ми беше да заиграм во Европа. Се беше во ред, но превладеа мојата желба. Сакав да останам во Сантос и да одбележам историја со клубот. И тоа се случи. Го исполнив сонот да играм за Сантос, но да, точно е дека бев блиску до Ливерпул“, откри Бразиелцот кој во 2019 година го засили Реал Мадрид за 40 милиони евра.
Родриго сега се поврзува со заминување од Реал Мадрид, поготово доколку се оствари најавата за потпис на „кралскиот клуб“ со Килијан Мбапе, а Ливерпул е еден од тимовите кој е сериозно заинтересиран за неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА