Реал Мадрид преку соопштение објави дека Родриго бил успешно опериран по тешката повреда на коленото што бразилскиот напаѓач ја заработи минатиот месец при настап за „кралскиот клуб“.
Хируршкиот зафат бил успешен, но информациите од Шпанија говорат дека лигаментите биле сериозно оштетени, што ќе се одрази и врз неговата рехабилитација.
Јасно беше дека Родриго е „во аут“ за претстојниот мундијал, но по операцијата од Мадрид пристигнуваат информации дека Бразилецот го очекува пауза од најмалку девет месеци. Практично тој со посериозни тренинзи би можел да почне дури во декември, а неговиот камбек на терените може да го очекуваме дури на почетокот на 2027 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

