Родриго: Отсекогаш се плашев од оваа повреда

Бразилскиот крилен играч Родриго, ги скина предните вкрстени лигаменти, и поради тоа за него сезонава е завршена. Сега следува период на рехабилитација, и отсуство некаде до крајот на годината.

После дијагнозата, се огласи и самиот фудбалер, кој кажа дека отсекогаш стравувал од оваа повреда, и истакна дека „животот не бил фер“ кон него во последно време.

Еден од најтешките денови во мојот живот. Колку отсекогаш сум се плашел од оваа конкретна повреда… Можеби животот е малку суров кон мене во последно време… Не знам дали го заслужувам тоа, но за што можам да се пожалам? Веќе доживеав толку многу прекрасни работи, кои исто така не ги заслужував.

Се појави голема пречка во мојот живот и кариера што привремено ќе ме спречи да го правам она што најмногу го сакам. Отсуствувам до крајот на сезоната на мојот клуб и ќе пропуштам да играм на Светското првенство со мојата репрезентација – сите знаат колку ми значи тој сон.

Сè што можам да направам е да бидам силен, како и секогаш. Ова не е ништо ново за мене. Ви благодарам на сите за вашите молитви, пораки и топлина! Вие сте толку важни за мене. Иако ова е многу тешко време, ветувам дека нема да застанам тука. Верувам дека сè уште има многу неверојатни работи пред мене, кои можам да ги споделам со сите што веруваат во мене. Ова е само „се гледаме подоцна“… Бог сè уште има контрола“, напиша Родриго.

Се вчитува...