Саудискиот клуб Ал Рајан го потврди трансферот на напаѓачот Родриго Морено. Шпанецот доаѓа од Лидс во трансфер вреден 30 милиони евра.
Тој тргна по стапките на македонскиот интернационалец Езџјан Алиоски, кој од истиот тим замина во Саудиска Арабија во Ал Ахли во 2021 година.
Многу играчи ова лето се решија да ја заменат Европа за Саудиска Арабија која дава високи плати. Таму заминаа Роналдо, Бензема, Канте, Менди, Милинковиќ-Савиќ, а се споменува заминување и на други фудбалери како Митровиќ, Зијеш, Ракитиќ, Жиру…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

