Родриго сам ќе одлучува за својата иднина

Бразилецот Родриго не успеа да се наметне кај тренерот Чаби Алонсо. За тоа доволно говори фактот дека не доби шанса во првиот тим на последните пет натпревари на ФИФА Светското клупско првенство па се погласни се гласините дека тој ќе замине од Реал Мадрид.

Сепак шпанскиот гигант нема да го принудува фудбалерот на трансфер, туку тој самостојно ќе одлучува за иднината, откриваат инсајдерите блиски до Реал Мадрид.

Во текот на следната недела се очекува состанок помеѓу Родриго и неговите агенти и раководството на Реал Мадрид по што дефинитивно ќе биде познато што е следно во кариерата.

За разлика од некои други фудбалери, Родриго нема намера да се пресели во Саудиска Арабија каде Ал Наср му нуди пребогат договор, туку сака кариерата да ја продолжи во Еворпа во Арсенал, Манчестер Сити или ПСЖ.

Се вчитува...