Родриго: За да го освоиме Мундијалот во 2026 потребен ни е Нејмар

Крилниот напаѓач на Реал Мадрид, Родриго изјави дека Нејмар треба да биде клучната алка во бразилскиот фудбалски тим.

Она што ги поврзува двајцата Бразилци е тоа што во Европа дојдоа од Сантос. Во 2013 година Нејмар дојде во Барселона, додека неговиот девет години помлад сонародник премина во редовите на најлутиот ривал во Шпанија, Реал Мадрид.

„Секој може да види, јасно е колку ни недостасува. Тој е нашата ѕвезда, најдобриот играч. За да го освоиме Светското првенство во 2026 година тој мора да биде со нас. Се надеваме дека ќе се врати на терените, бидејќи е во завршна фаза на опоравување. Сакаме да се врати што е можно поскоро“, изјави Родриго.

Се вчитува...