Рој Хоџсон на 75 години се враќа во Премиер-лигата

Рој Хоџсон е подготвен за враќање во Премиер-лигата, откако искусниот стратег влезе во последната фаза од преговорите за преземање на кормилото на Кристал Палас.

Лондонскиот клуб е во потрага по нов стратег откако му беше врачен отказ на Патрик Виеира, а откако останатите опции пропаднаа Палас ги интензивираше преговорите со Хоџсон, кој го водеше тимот од септември 2017 до мај 2021 година.

Последен ангажман на 75-годишниот Хоџсон беше како предводник на Ватфорд и заврши неславно во мај минатата година, тој потоа најави дека нема повеќе да се занимава со тренерскиот занает, но очигледно челниците на Палас успеале да го премислат овој стручњак.

Кристал Палас моментно се наоѓа на 12. место на табелата, но главен предизвик за Хоџсон ќе биде наоѓање излез од кризата, овој тим е без победа на последните 13 средби во сите натпреварувања, притоа постигнувајќи само шест погодоци.

Се вчитува...