Искусниот англиски фудбалски стратег, Рој Хоџсон, направи изненадувачки камбек во фудбалот и на 78-годишна возраст беше именуван за нов менаџер на Бристол Сити.
Хоџсон потпиша договор до крајот на сезоната, пополнувајќи го празното место по заминувањето на Герхард Штрубер. Ова за него е емотивно враќање, со оглед на тоа што истиот клуб го водеше пред повеќе од четири децении, поточно во далечната 1982 година.
Последниот ангажман на Хоџсон беше во Премие лигата со тимот на Кристал Палас во сезоната 2023/2024, по што најави повлекување, но очигледно повикот од „Ештон Гејт“ беше премногу голем за да го одбие.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

