Рој Хоџсон замина од Кристал Палас

Рој Хоџсон официјално се повлече од функцијата прв тренер на Кристал Палас, потврди Премиерлигашот. Легендарниот тренер во текот на шест сезони забележа 200 натпревари.

Искусниот стручњак направи подвиг минатата сезона обезбедувајќи опстанок, но резултатите сезонава се далеку под очекувањата па се е подготвено за промена со цел да се избегне борба за опстанок. Кристал Палас по 24 одиграни натпревари е на 16. место на табелата со 24 освоени бодови, пет повеќе од осумнаесеттиот Евертон.

Се вчитува...