Рој Кин го „пецна“ Ливерпул: Уште 30 години ќе чекате на нова титула

Легендарниот капитен на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, жестоко го критикуваше Ливерпул по бледото издание и убедливиот пораз од Манчестер Сити. „Црвените“ практично ги загубија сите шанси за одбрана на титулата, но според Кин недостигот на карактер во тимот на Јирген Клоп може да прдинесе Ливерпул уште нови 30 години да чека на нов шампионски трофеј.

Според Ирецот, повредите не смеат да бидат оправдување за големата криза во која се наоѓа гигантот од „Енфилд Роуд“.

„Зборувавме и пред овој натпревар, имаат премногу изговори за една шампионска екипа. Да не се лажеме, секој може да загуби, но Ливерпул делува комфорно, опуштено додека губи, го видовме тоа и против Брајтон. Живеат во славата од минатата година, титулата ги крена во облаци, веруваа дека ќе победуваат лесно и сезонава, а сега се соочуваат со реалноста. Секој голем тим по освоен пехар се прашува дали може да го повтори истото. Кај Ливерпул не ја гледам таа желба за повторување на успехот, тие се само среќни што беа прваци по 30 години пауза. Мора да продолжат, да играат како шампиони. Со ваков пристап, Ливерпул ќе чека уште 30 години за нова титула. Може да зборуваме за повредите, но видете го Сити, дојде без Де Бруине и Агуеро, се надигруваше и стигна до победата. Ливерпул беше ослабен поради неиграњето на дефанзивците, но се уште ги имаше најдобрите напаѓачи, најдобриот голман… И повторно ги слушаме истите оправдувања од Клоп“, истакна Кин.

Се вчитува...