Кевин де Брујне по една деценија помината во Манчестер Сити на крајот на сезоната заминува од клубот откако премиерлигашот ја одби шансата да ја продолжи соработката со својот капитен.
За Белгиецот постои интерес од Садусика Арабија, Соединетите американски држави, но и од клубовите од врвните европски првенства па неговата иднина останува неизвесна. Според Рој Кин, легендата на Манчестер Јунајтед, Де Брујне би требал да потпише за градскиот ривал.
„Јунајтед. Не би требало ни да се сели“, низ шега изјави Кин кој потоа го пофали белгискиот играч од средниот ред.
„Знаеме дека Сити знае да биде немилосрден кога играчот ќе достигне одредени години. Дајте му на Де Брујне малку простор и ќе ве казни, него му е доволна само една секунда. Колку и да се обидуваш да го запреш на одредени делови од теренот едноставно не можеш“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА