Ливерпул загуби со 3-1 на гостувањето против Арсенал во меч во кој трагичар беше голманот Алисон Бекер, но Рој Кин вината за случувањата на „Емирати“ и неуспехот на „црвените“ ја насочи кон капитенот Вирџил ван Дајк.
Кин имаше конфликт со Ван Дајк и пред нешто повеќе од еден месец, па екс-капитенот на Манчестер Јунајтед едвај дочека повторно да го нападне искусниот дефанзивец на Ливерпул.
„Ако мене ме прашате, Ван Дајк е виновен за трите гола што Ливерпул ги прими, мораше подобро да реагира. Да, дури и за вториот… грешката е негова, а не на голманот. Едноставно е, треба да ја удри со глава уште при првиот момент, тој е големо момче и треба да ја расчисти опасноста, не го прави тоа и потоа се случува она што се случува со голманот“, изјави Кин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА