Рој Кин: Престанав да пушам кога имав 11 години, за да станам фудбалер

Легендарниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рој Кин, шокираше многумина откривајќи дека решил да престане со пушење цигари на 11 годишна возраст, за да му се посвети на фудбалот.

Кин изјавата ја даде на подкастот „Overlap” чиј водител е Гери Невил, кој прв изјави дека се вљубил во фудбалот за време на СП 1982. На ова се надоврза ирскиот интернационалец, кој се согласи со ставот на Невил, додавајќи го и личното откритие во изјавата.

„Не само што се вљубив во фудбалот, туку тогаш и решив да станам професионален фудбалер. Беше 1982, јас имав 11 години и заедно со моите другари игравме фудбал и пушевме цигари. Тогаш решив да застанам пред сите , им реков дека престанувам со пушењето затоа што сакам да станам професионален играч“, истакна Рој Кин, притоа не откривајќи на колку години почнал со цигарите.

Се вчитува...