Рој Кин со брутални критики и навреди кон ѕвезда на Реал Мадрид

Реал Мадрид беше поразен од Баерн со 1-2 во првиот натпревар од четвртфиналето на Лигата на шампионите, а по средбата, најкритикувана беше одбраната на „кралскиот клуб“.

Иако голот на Килијан Мбапе во 74. минута го остави Реал со надеж за враќање во Минхен, легендарниот Рој Кин немаше разбирање за грешките во одбраната.

Кин без влакна на јазикот посебно ја критикуваше играта на Трент Александар-Арнолд, кого го означи како главен виновник за голот на Луис Дијаз.

„Слушајте, навистина ми е преку глава од тоа. Секогаш е истата приказна на големите натпревари. Сите постојано зборуваат за неговите додавања, но што е со основите на играта? Одбраната? На ова ниво, во Лигата на шампионите, едноставно не можете да се исклучите така“, рече Кин.

Тој не застана тука.

„Тоа е грешка на почетник. Да дозволиш Луис Дијаз да игра покрај тебе како да не постоиш? Ајде бе. Тој се брани. Како никогаш во животот да не играл десен бек. Големите натпревари бараат големи дефанзивци, а тој е многу далеку од тоа во моментов“, додаде тој.

Се вчитува...