Рој Кин со порака до Салах: Седи и молчи

Дербито на првото коло од Премиерлигата во кое силите си ги одмерија Челси и Ливерпул, а заврши одново со реми, но овој пат од 1-1 потполни ги исполни очекувањата на љубителите на фудбалот. Покрај двата регуларни голови на натпреварот видовме и два нерегуларни откако Мо Салах и Бен Чилвел беа „уловени“ во офсајд по ВАР прегледот.

ВАР го спречи Мо Салах да испише историја со седми гол на првиот натпревар од сезоната, а шансата целосно му ја одзема Јирген Клоп кој во 76. минута од натпреварот го извади од игра за неговото место да го замени Харви Елиот.

Тоа предзвика големо незадоволство кај Еѓипјанецот кој луто ги одврзуваше завоите од рацете и ги фрлаше на теренот, а потоа ги ширеше и рацете на клупата. Потегот на 31-годишниот наиде на голема критика од страна на легендата на Манчестер Јунајтед, Рој Кин.

„Во ред е да бидеш лут и незадоволен, но не може тоа да трае предолго. Мафташе со главата и седна на клупата со раширени раце. Седи таму и молчи. Мораш да ја прифатиш одлуката на тренерот“, изјави Кин.

Се вчитува...