Рој Кин жестоко: Манчестер Јунајтед стана како „Рајан ер“

Серијата од четири победи на Мајкл Карик како предводник на Манчестер јунајтед беше прекината со ремито на гостувањето против Вест Хем.

„Црвените ѓаволи“ се спасија од пораз со голот на Шешко во судиското продолжение, а на поранешниот капитен Рој Кин дефинитивно му пречеше емотивната прослава на тој погодок, како доказ дека критериумите на „Олд Трафорд“ се значително спуштени од времето кога тој настапуваше за овој англиски гигант.

„Шешко даде убав гол. Признавам, но извинете да прашам, зарем тој не влезе во игра токму за тоа… да даде гол кога неговиот тим е во негатива… Сите славеа како да е голема победа, очекувањата од Манчестер јунајтед станаа како „Рајан ер“. Ако летот стигне на време, сите аплудираат, се смеат и се шегуваат. А вообичаено доцните по два часа и сие мислат дека тоа е нормално. Тоа е проблемот со ниските очекувања, дојдов со Рајан ер во неделата, се доцнеше два часа и на сите им беше нормално. Така е и со Манчестер Јунајтед, на сите им е нормално кога тимот нема да победи. Тимот нема притисок да победува на секој меч и тоа се одразува на самите резултати“, вели Рој Кин.

Се вчитува...