Ракометарите на Охрид максимално сериозно се подготвуваат за стартот на новата сезона која ја очекуваат со високи амбиции.
Новиот тренер Борис Ројевиќ вели дека е задоволен од досегашниот дел и работата на тимот, иако потенцира дека е потребно време за комплетно воигрување на тимот, посебно ако се знае дека има голем број нови ракометари на распологање.
„Презадоволен сум од почетокот на подготовките, од залагањето и работата на момците, од односот на сите во клубот. Имаме нова екипа ќе ни треба малку повеќе време да се воиграме, но ќе гледаме што побрзо да влеземе во форма“ – вели Ројевиќ и дополнува:
„Ова е нова екипа, уште не сме одиграле натпревар за да видиме каков квалитет поседуваме и до каде сме. Нашите амбиции се ГРК Охрид да почне да победува против најсилните екипи во Македонија, и да бидеме на ниво со најдобрите“.
Охрид во новата сезона посакува битка рамо до рамо со првите фаворити за титулата Е. Пелистер, Алкалоид и Вардар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

