Тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ ги искажа своите импресии после победата над Олимпијакос во реваншот од 25-24.
Ројевиќ призна дека стравувал во миговите кога Олимпијакос има предност пред самиот крај, и одговори на критиките што играл со вториот состав против Вардар пред неколку дена.
„Знаевме дека ова не чека. Да игравме со сите против Вардар, тука не би поминале. Мал ростер е во прашање, и на крај успеавме да го свртиме натпреварот во наша корист и да ја добиеме. Во еден момент стравував дека ако отиде на два – три разлика за противникот, дека може ќе отиде во лош правец. Мене ми е драго што победивме, и што поминавме понатаму и што ја израдувавме оваа публика. Им честитам на ракометарите, и на сите во клубот. Честитки до сите, ова е голем успех за клубот, и ќе се обидеме да не застанеме тука“, изјави Ројевиќ.
Тој потоа кажа и за следниот противник, екипата на Цеље.
„Цеље е сериозен противник. За среќа не е брзо, и имаме доста време да се освежиме. Еве како што видовте, малку изгуивме свежина на крајот, но ќе имаме доста време за тие натпревари“, коментираше Ројевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

