Ројевиќ: Не играме само за Охрид, туку и за цела Македонија

Охрид со одлични пет гола предност од гостувањето во Грција ќе влезат во утрешниот реванш од четвртфиналето од ЕХФ Европскиот куп против Олимпијакос.

Тренерот Ројевиќ сепак е доволно искусен за да им стави до знаење на своите ракометари – никако не смее да дојде до опуштање бидејќи предноста е голема, но не и недостижна, а Олимпијакос е тим што никако не смее да биде потценет.

„Сигурно дека ништо не е готово. Гледам дека јавноста е позитивно расположена по првиот меч, но оваа предност во модерниот ракомет не мора да значи ништо. Кога се игра со брзо темпо и влогот е голем, овие пет гола можат лесно да бидат надополнети. Олимпијакос минатата сезона ја победи Турда со пет гола на гости, па загуби со четири гола на домашен терен. Имаме многу повреди, дури четворица ќе мораат да играат под лекови или со инјекција. Не тренираме толку силно како минатата недела, очигледен е заморот, но и проблемот со повредите. Не играме само за Охрид, туку и за цела Македонија, затоа што ја претставуваме државата. Имаме добар резултат, но мораме да работиме напорно за да се пласираме во полуфиналето. Немаме преголем ростер, но ќе се обидеме да пружиме силен отпор, со кој ќе ја оствариме нашата цел“, изјави Ројевиќ. 

Се вчитува...