Ројевиќ: Одигравме одличен втор дел во Битола, многу нѝ значат овие бодови

Тренерот на Охрид, Борис Ројевиќ ја коментираше победата на својот тим на гостувањето во Битола со 26-27. Охриѓани благодарение на гол во последната секунда стигнаа до победа, и така го оддалечија тимот на Е.Пелистер од титулата.

Ројевиќ кажа дека неговите момци одиграле одлично во вториот дел, и дека тоа го решило победникот. Исто така честиташе за коректната игра на противничките играчи и за атмосферата.

„Им честитам на моите момци за играта во вториот дел. Во првото полувреме игравме под грч, во вториот дел се договоривме да трчаме повеќе и мислам дека одигравме одлично. Им честитам на играчите на Пелистер за коректната игра, навистина одличан атмосфера. Нас овие два бодови многу ни значат, да се обидеме да обзебедиме Лигата на Европа, и да се свртиме кон обврските кои не очекуваат во Европа“, изјави Ројевиќ.

Се вчитува...