Ракометарите на двократниот европски шампион Вардар остануваат перфектни во домашното првенство откако вечерва во дерби натпреварот од денешната понуда од 13. коло во Суперлигата славеа на гостувањето кај одличниот ГРК Охрид со 26-28.
По натпреварот тренерот на домаќините Борис Ројевиќ даде свое видување.
„Како прво и основно, со пет голамнски одбрани не може да се добие вакво дерби, а кога се приближувавме, немавме помош од голманите и на момците не им беше денот. Друга работа, Јагуриновски играше со температура, Ѓукиќ играше под лекови, Ојлески играше под лекови, не можеа да тренираат како што треба. Не е алиби, но знаеме дека бевме во тешка состојба. Исто така и Вардар е силен, но можевме да бидеме подобри и се надевам дека во иднина ќе бидеме подобри. Во првите 15 минути имаше работи кои ми се допаднаа на терен, но тоа е што е“, изјави Ројевиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

