Марко Ројс, еден од најискусните играчи на Борусија Дортмунд кој по завршувањето на сезоната ќе си оди од таборот на „милионерите“, го коментираше пласманот во финалето на својот тим, после победата над ПСЖ.
Ројс беше прашан за многуте пречки и стативи кои ги погоди тимот на ПСЖ.
„Кому му е грижа? Нема никој да зборува за тоа утре. Сите ќе зборуваат дека Борусија е во финалето. Одиме на Вембли, ова е лудо. Се враќаме таму после 10 години. ОИва е наш момент, моментот е сега“, рече кусо Ројс по натпреварот во Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА