Борусија Дортмунд оствари убедлива победа над Баер Леверкузен (6-2), но тренерот Томас Тухел не може да биде комплетно среќен поради повредата на еден од најдобрите свои фудбалери, Марко Ројс. Крилниот играч на „милионерите“ го повреди бутниот мускул на левата нога и го напушти теренот уште во првото полувреме, а сигурно нема да може да биде во тимот на дуелот од Лигата на шампионите против Бенфика в среда, кога Борусија Дортмунд ќе брка негатива од еден гол.
„Невозможно е Марко да заигра на реваншот против Бенфика в среда и тоа е многу тажна вест за нас. Му посакуваме брзо да се рехабилитира“, изјави тренерот Тухел.
Во редовите на „милионерите“ на повреди се жалат Геце, Родем Бендер и Ајсак.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА