Норвешката бијатлонка Марте Олсбу Ројзеланд стигна и до четвртиот медал, а вкупно трето злато на Зимските олимписки игри откако триумфираше и на денешната трка во потера.
Норвежанката делницата од 10 километри ја помина за време 34:46.9 минути и со само едно промашување на стрелиштето и без проблем успеа да ја задржи големата предност која ја имаше по завчерашната спринт трка.
Сребрениот медал исто како и во спринтот, така и денеска и припадна на младата Швеѓанка Елвира Оберг која доцнеше огромни 1:42.4 минута зад времето на победничката. Со бронзениот медал се закити втората Норвежанка, Тирил Екоф која доцнеше 2:13.7 минута зад времето на сонародничката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА